Меси добива казна поради вербалниот конфликт со помошник судија… (видео)

Аргентина славеше со 1-0 против Чиле во меч од квалификациите за СП 2018 во Русија. Аргентинците беа под императив за победа затоа што се уште се борат за место кое води на Мундијалот.

„Гаучосите“ некако славеа со 1-0 благодарение на голот на Меси од пенал, но капитенот на Аргентина имаше пред крајот на мечот и посериозен вербален дуел со помошниот судија поради што е предаден на дисциплинската комисија на ФИФА. Дополнително го очекува одлука околу сето тоа, но се најавува казна поради што најверојатно нема да може да игра на следните два натпревари за Аргентина.

На крајот од натпреварот против Чиле Меси се поздрави со останатите двајца судии, а добро паметејќи го вербалниот претходен дуел одби да се ракува со вториот помошник…

Се вчитува...