Луис Хамилтон на стартот од новата Ф1 сезона: Се чувствувам како гладијатор

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, беше најбрз на двата официјални тренинзи во Мелбурн и во квалификации и од пол-позиција ќе стартува на неделната трка за ГН на Австралија со која почнува новиот шампионат во Формула 1. Болидите на Мерцедес покажаа извонредни перформанси и на претсезонските тестови, а денешните квалификации потврдија дека Хамилтон е подготвен за победнички старт во новата сезона.

hamilton

Тоа го најави и Луис Хамилтон кој во пресрет на трката на интернет објави фотографии од подготовките за новата сезона. Возачот на Мерцедес веќе извесно време тренира тајландски бокс и се надева дека тоа боречко искуство ќе му помогне да ја врати шампионската титула во Ф1 која лани ја загуби од сега веќе поранешниот тимски колега, Нико Розберг.

hamilton23

Тајландскиот бокс е древна боречка вештина со која се развива ментална дисциплина и физичка сила. Токму тоа го користи Хамилтон за да стартува максимално подготвен во борбата за четвртата шампионска титула во Ф1.

Јас секогаш барам нови начини за одржување на формата. Тренинзите може да бидат здодевни ако се повторува едно исто многу пати. Затоа јас секогаш пробувам нови нешта. Кај мене тоа успева. Се чувствувам како гладијатор“ – вели Луис Хамилтон.

hamilton 22

Се вчитува...