По вчерашното реми со Украина (1-1), репрезентацијата на Вујадин Станојковиќ за фудбалери до 18 години славеше убедлива победа од 3-1 (3-0) против домаќинот Летонија на турнирот „Четири нации“ кој се игра во Рига.
Избраниците на Станојковиќ одиграа одлична партија, доминирајќи во текот на целата средба а победата најавувајќи ја уште во првото полувреме кога ги постигнавме сите три погодоци, два на Димитар Митровски и еден на Никола Богдановски.
Во второто полувреме, домашните успеаја само да постигнат почесен погодок за конечни 1-3.
Македонија и вчера одигра одличен натпревар против Украина, но на младите момчиња им беше „украдена“ победа по некоректно постигнатиот гол за израмнување на Украинците во ситуација кога Македонија имаше двајца повредени фудбалери на терен без притоа да биде прекината играта.
На турнирот во Рига младата селекција утре ја очекува уште и пресметката со соодветната селекција на Норвешка.
ЛЕТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1-3 (0-3)
Стрелци: Митровски (2) и Богдановски
МАКЕДОНИЈА: Стевковски, Тодоровски, Антовски, Маневски, Ристовски, Феруковски, Фазлагиќ, Богдановски, Митровски, Митров и Чурлинов. Уште играа: Руфати, Трапановски, Делевски, Иванов, Ласков, Зејнулаи, Колевски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА