По поразот во претходното коло од Скопје, Академија Пандев ги зареди поразите во Втората македонска фудбалска лига. Во струмичкото дерби од 18. коло, „академците“ загубија од Хоризонт Турново со 1-3 (1-0).
Турновци до триумфот дојдоа со пресврт со головите на Радојчиќ во 51. и во 79. минута, и Василев во 77. минута. Претходно, Академија Пандев поведе во финишот на првото полувреме со голот на Јани Атанасов во 45. минута.
Второпласираниот Скопје, пак, загуби на гостувањето во Неготино од Вардар со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Петар Најдов во 56. минута од средбата, па тоа го искористи Новаци кој по триумфот од 0-2 на гостувањето против Тиквеш сега е на два бода од Скопје.
Победата на Новаци ја донесоа Наумоски со гол во 16. минута и Христијан Лавуровски кој погоди во 34. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО
Академија Пандев – Хоризонт Турново 1-3
Металург – Велазерими 1-3
Еуромилк ГЛ – Тетекс 0-0
Тиквеш – Новаци 0-2
Вардар Неготино – Скопје 1-0
ТАБЕЛА: Академија Пандев 43 бода, Скопје 33, Новаци 31, Еуромилк ГЛ 30, Хоризонт Т. 25, Металург 23, Велазерими 21, Вардар Неготино 17, Тиквеш 16, Тетекс 14 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА