Во натпреварот од последното коло во Супер лигата, Пролет на домашен терен го победи Борец со 32-28. Избраниците на тренерот Илија Темелковски, од стартот наметнаа силно темпо и брзо успеаја да се одлепат поведувајќи со 11-4. На три минути пред крај на првиот дел, Пролет стигна до највисоки седум гола предност (17-10), но во финишот гостите од Велес направија серија од 5-1 и ја намалија негативата на полувремето на 18-15.
Во второто полувреме, Пролет успеа да го задржи водството и покрај притисокот на противникот и на крај ја запиша петтата победа пред својата публика која го носи на петото место на табелата. Борец и покрај поразот останува на четвртата позиција која му носи место во плеј-офот.
Александар Василевски со 10 и Ласко Андоновски со осум гола беа најефикасни кај Пролет. Во составот на Борец прв стрелец беше Дарко Димитриевски со девет гола.
Во последните два натпревари од регуларниот дел на сезоната утре играат Радовиш – Охрид и Прилеп – Металург 2.
Супер лига, 18.коло:
Еурофарм Работник – Работнички 31-26
Пелистер – Вардар Јуниор 37-26
Пролет – Борец 32-28
Радовиш – Охрид (утре)
Прилеп – Металург 2 (утре)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА