Еден од најголемите македонски фудбалски таленти, 17-годишниот Елиф Елмас беше носечка фигура во победата на младата репрезентација на Македонија од 2-0 против Црна Гора.
Елмас, кој треба да биде еден од клучните играчи во новата генерација на Благоја Милевски низ квалификациите за ЕП 2019, е задоволен по погодокот во денешниот триумф, но како што нагласува, за него е далеку позначајно што Македонија победи и отвори пат за нова успешна приказна…
„Среќен сум што постигнав гол, но уште посреќен сум што Македонија победи. Ова е одлична најава за оваа генерација, а се надевам дека ќе победуваме и во квалификациите за настап на Европското првенство во Италија. Дуелот со Црна Гора треба да биде добра најава за тоа што не очекува во иднина. Би сакал успешно да го продолжиме патот на претходната наша генерација, и затоа ни е неопходна поддршка и верба и во нашите квалитети“ – истакна Елмас по денешниот дуел со Црногорците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА