Шкупи во текот на вчерашниот ден и официјално го формализираше ангажманот на францускиот фудбалер Емануел Мбела кој своето деби во новиот клупски дрес ќе го има на 2. април на дуелот на Чаир против Пелистер.
24-годишниот фудбалер, кој е по потекло од Камерун, вели дека е среќен што, по добивањето на дозволата од ФИФА, конечно ќе може да заигра за Шкупи.
„Задоволен сум што конечно добивам можност да играм. Работев досега со тимот, одлично сум прифатен во оваа средина, и од она што можам да го видам, од начинот на работа на стручниот штаб и на соиграчите сигурен сум дека Шкупи ќе има крајно позитивни резултати до крајот на сезоната“ – вели Мбела.
Французинот пред доаѓањето во Шкупи настапуваше за албанскиот прволигаш Билиш Балш кој претходно не дозволуваше негово заминување како слободен играч. Но, по одлуката на ФИФА, Мбела конечно доби дозвола за настап за чаирскиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА