Дарко Велковски е едно од освежувањата во националниот тим од младата селекција до 21 година, и веднаш се воочува дека го има во себе тој победнички менталитет и потребната самодоверба. Пред Лихтенштајн, фудбалерот на Вардар смирено вели, подобри сме, без грижа, ќе ги победиме.
„Ни треба победа, посакуваме да наметнеме наша игра од првата минута и добро да се позиционираме на теренот. Ако успееме во тоа мислам дека нема причина за грижа, мислам дека во тој случај ќе победиме. Подобри сме, имаме фудбалери во одлична форма и верувам дека ќе ги контролираме работите на теренот во Вадуз“, вели Дарко Велковски.
Македонскиот национален тим утре рано наутро патува за Вадуз, каде од 18.30 часот на стадионот „Рејнпарк“ ќе го одржи и официјалниот тренинг во пресрет на квалификацискиот меч в петок, кој е закажан за 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА