Младата репрезентација до 21 година, онаа нова генерација која ќе учествува во наредните квалификации за ЕП, в петок во Скопје на тренинг – центарот „Петар Милошевски“ со почеток во 14 часот, ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Црна Гора. Фудбалерот за врска на Работнички, Елиф Елмас, кој се очекува да биде еден од носителите на играта на оваа селекција, вели дека и новата генерација има квалитети за големи резултати, да ги наследи „хероите“ кои се пласираа на ЕП во Полска.
„За секој фудбалер е радост што има можност да биде дел од националната селекција, апсолутно не чувствуваме притисок, напротив. За нас е привилегија што сме избрани во составот на Македонија и даваме се од себе да ја оправдаме довербата. Го знаеме начинот на работа во селекцијата, сериозно ги сфаќаме задачите кои ги контролира стручниот тим и мислам дека тоа е правилен пристап. Ова е нова генерација, но имаме квалитет за нови големи резултати. Се надевам на добра игра против Црна Гора“, вели Елиф Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА