Репрезентацијата на Германија ќе биде значително ослабена за претстојниот пријателски натпревар против Англија откако селекторот Јоаким Лев обелодени дека за дуелот во Дортмунд нема да може да смета на четворица стандардни првотимци. Покрај Мануел Нојер, кој вчера се врати назад во Минхен, од комбинација денеска отпадна и ударното трио на баварскиот гигант, Марио Гомез, Јулијан Дракслер и Месут Озил. тројцата офанзивци кои се мачат со повреди на мускулот.
„Озил се мачи со повреда на мускулот и нема да игра против Англија. Истото важи и за Дракслер, кој има идентична повреда како и Месут, а во комбинација не е ниту Марио Гомез. Секако дека сите овие повреди се проблем, но ние во секој случај ќе сториме се за да славиме пред нашите верни навивачи“ – изјави Јоаким Лев на денешната прес-конференција.
На спротивната страна, англискиот селектор Герет Саутгејт реши да не го вклучи во составот Вејн Руни, а нов капитен ќе биде Гери Кејхил од Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА