Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, вели дека „црвено-жолтите“ одат на победа против Лихтенштајн во Вадуз, прифаќајќи ја улогата на фаворити. Не се алиби ниту повредите на Хасани и на Бејтулаи, и има доволен фонд на квалитетни фудбалери кои можат да одговорат на предизвикот во националниот тим.
„Никогаш и никаде нема да бараме алиби, иако и пред почетокот на подготовките се соочуваме со проблеми поради повредите на Хасани и на Бејтулаи. Сметам дека имаме доволно квалитетни фудбалери, кои ќе одговорат на задачата и на обврските кои ќе им бидат зададени. Пристапот ќе биде ист како и на сите други пресметки, но ќе менуваме формациски. Имаме добри играчи за да дојдеме до победа. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок, но се надевам дека ќе биде мотивација повеќе за да ја урнеме таа традиција“, изјави селекторот на Игор Ангеловски, пред почетокот на денешниот прв тренинг во пресрет на дуелот со Лихтенштајн во Вадуз, на 24.март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА