МЗТ Скопје го стартуваше настапот во Супер-лигата со две победи, па „металците“ ќе се обидат серијата да ја продолжат и наредниот викенд, кога на домашен терен го играат првото вечно дерби против Работнички. Раководството на МЗТ донесе одлука натпреварот да се игра в сабота со почеток во 18 часот, а билетите ќе можат да се набават по цена од 100 денари.
Со одредувањето на вакви популарни цени на влезниците „металците“ се надеваат на што поголема посетеност на овој натпревар, на кој сигурно ќе има и гостински фанови од „црвено-белиот дел на Скопје“.
„Металците“ се надеваат дека за оваа средба ќе го имаат на располагање и Данило Мијатовиќ, кој официјално би бил потпишан доколку Арбитражната комисија при МКФ ја потврди одлуката на Регистрациската Комисија за раскин на договорот на српскиот кошаркар со тимот на Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА