Пандев промовиран за амбасадор на Суперкупот 2017: Оваа улога е огромна чест за мене!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и официјално денеска е претставен како амбасадор на УЕФА Суперкупот „Скопје 2017“ кој на 8. август ќе се одржи на „Телеком арената“ во нашиот главен град.

„Ние сме горди како ФФМ што успеавме да го добиеме овој голем европски фудбалски настан. Голема благодарност до УЕФА за укажаната можност да бидеме домаќини на еден од најголемите фудбалски настани оваа година во Европа. Оваа организација се труди да го доближи фудбалот до сите земји. Еднакви можности за сите, тоа е стратегијата, а Македонија сега е прва меѓу еднаквите. Сакам да го претставам Горан Пандев за официјален амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017. Искрено ти честитам и верувам дека ќе бидеш вистински амбасадор“ – истакна претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, на прес-конференцијата на која е промовиран Пандев.

„Благодарност за укажаната доверба. Ќе ми биде голема чест како Македонец да бидам амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017. Знаеме дека ќе играат двата тима победници од Лигата на шампооните и Лигата на европа и ќе биде големо уживање да ги гледаме во Скопје“ – истакна најдобриот македонски фудбалер.

IMG_0504

Периодов течат и комплетните активности околу подготовката на „Телеком арената“ за спектаклот кој не очекува во август.

„Ја имаме една од најубавите арени за фудбал во регионот и пошироко и ќе се трудиме максимално до последен ден да бидеме организирани потполно и да ја оправдаме довербата на УЕФА. Дополнотелно ќе бидат вложени околу 6 милиони евра за комплетно структуирање на арената“ – соопшти директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, на кого се надополни и секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски.

„За градот Скопје ова е настан од големо значење за огромна промоција и ќе се заложиме максимално да го презентираме Скопје во најдобро светло“.

Се вчитува...