Фудбалерите на Еуромилк денеска загубија 1-0 со гол примен во 95. минута на дуелот против Велазерими во Кичево, по кој пораз во голема мера ги намалуваат шансите за втората позиција на табелата во Втората лига, која води во прволигашкото друштво.
Од Еуромилк се револтирани на судењето на дуелот со Влазерими, но и од целокупните случувања, наведувајќи дека нивните фудбалери на полувремето добивале закани од домашни непознати лица, а на полувремето и делегатот на натпреварот бил избркан од службените простории.
Соопштението од ФК Еуромилк ГЛ до нашата редакција ви го пренесуваме во целост:
Управниот одбор на ФК Еуромилк Г.Л. веднаш по натпреварот со Влазерими одржа состанок на кој се дискутираше за случувањата на натпреварот со Влазерими и сака да ја запознае и фудбалската јавност.
Изгледа со последниве случувања јасно стана дека ФК Еуромилк ГЛ. почна некому да смета бидејки со играчи кој се 99% младинци дојдовме до корак за пласман во Првата лига.
На натпреварот со Металург беше пратен судијата Темелков за ние да не победиме бевме оневозможени да победиме а денес со Влазерими судијата Величков Боби ги помина сите граници на тендециозно судење против нашата екипа. Досуди повеќе од 20 непостоечки прекршоци за екипата на Влазерими околу нашиот шеснаесетник, а за нас и прекршоците што беа за жолти картони не ги судеше (повредени ни се тројца фудбалери). И покрај ваквата помош домаќините не можеа да постигнат гол па судијата Величков натпреварот го продолжи за 5 минути, а потоа и за дополнителни уште две додека домашната екипа не даде гол.
На полувремето нашите играчи при одење во соблекувалните беа нападнати од лица кои беа пред соблекувалните а во нашата соблекувална влегол и Комесарот за безбедност на Влазерими со уште еден член на нивниот клуб и им се заканувале на нашите играчи.
За да биде работата посериозна се случи и тоа делегатот на натпреварот да го избркаат од соблекувалната на судиите а внатре влегоа две лица од Влазерими. На прашање упатено до делегатот како може да го бркаат од просторијата на судиите и дали сега им вршат притисок на судиите тој само кажа дека се ќе запише во делегатскиот извештај.
На овој натпревар судијата ни даде 8 жолти и еден црвен картон и сите со образложение за неспортски однос.
Се запрашуваме до кога македонскиот фудбал ќе функционира со вакви диригирани судии кои се праќаат намерно да оштетат некој клуб, во случајов нас, а другата недела некоја друга екипа ќе биде исто вака оштетена.
Треба да размислат и судиите и судискиот одбор па и ФФМ дека тие треба да бидат сервис на клубовите а не тие да бидат во главна улога да диригираат кој треба да влезе во Прва лига и кој да испадне.
Знаеме дека и ова соопштение ќе помине како илијадници писма од другите клубови кои исто така тука се жалеа, а никој не презема никаква одговорност. А, фудбалоте тоне ли тоне.
ФК ЕУРОМИЛК ГЛ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА