Еуромилк ГЛ се чини го губи „здивот“ во битката за втората позиција на табелата во Втората лига која овозможува пласман во прволигашката конкуренција следната сезона.
Во 17. коло, Еуромилк ГЛ загуби на гостувањето против Велазерими со 1-0, по што остана на четири бода заостанување сега зад второпласираниот Скопје. Куштрим Балажи во 90. минута беше стрелец на голот вреден три бода за Велазерими.
Хоризонт Турново славеше против Металург со 2-0 со головите на Мерсовски во 50. минута и Радојчиќ во 87. минута од натпреварот.
Тиквеш, пак, се поизвесно ќе се избори за опстанок во лигата откако на гостувањето против директниот конкурент за испаѓање Тетекс славеше со 0-1. Стрелец на единствениот гол за кавадарчани беше Наумче Бакрачески во 75. минута.
Во последниот денешен натпревар, Новаци славеше против Вардар Неготино со 1-0, со голот на Христијан Грозданоски во 41. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 17. КОЛО
Велазерими – Еуромилк ГЛ 1-0
Хоризонт Т. – Металург 2-0
Тетекс – Тиквеш 0-1
Новаци – Вардар Неготино 1-0
ВЧЕРА: Скопје – Академија Пандев 3-2
ТАБЕЛА: Академија Пандев 43 бода, Скопје 33, Еуромилк ГЛ 29, Новаци 28, Металург 23, Хоризонт Т. 22, Велазерими 18, Тиквеш 16. Вардар Неготино 14, Тетекс 13 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА