Вардаровите навивачи „Комити“ се оставен надвор од стадионот во Ѓорче Петров да ги бодрат своите миленици на пресметката со Македонија ЃП во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Комитите“ очигледно гневни поради целокупната ситуација, бесот од самиот почеток на мечот го насочуваат кон раководството на клубот и кон ФФМ, воопшто не следејќи ги случувањата на теренот во Ѓорче Петров…
„Управа оди си… Седло оди си… ФФМ мафија“ – е дел од скандирањето на „Комитите“ на дуелот меѓу Македонија ЃП и Вардар. Прекин на натпреварот не може да има затоа што навивачите и онака се надвор од стадионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА