Победа викендов конечно се враќа во Прилеп. По долг временскиот период „црвените“ утре од 14 часот во рамките на 23. коло од Првата македонска фудбалска лига против Шкупи како домаќини ќе играат во својот Прилеп, на теренот на Паркот на револуцијата „Могила“.
Прилепчани ги чека еден од најважните натпревари во борбата за опстанок, поради што и тоа како за нив е неопходна поддршката од навивачите…
„Мислам дека во утрешниот натпревар треба да влеземе од една страна мотивирани и да му пријдеме на овој меч како и на секој друг, но исто така треба да сме со ладни глави како не би изгореле во желбата за победа. По подолго време Победа се враќа на свој терен. Утре првпат како прволигаши ќе играме на свој терен и тоа треба да се искористи. Благодарност до нашите навивачи и до управата на клубот кои се заложија во овие месец дена да ни овозможат услови да играме во Прилеп, па се надевам дека на сите ќе им возвратиме со победа“ – вели шефот на стручниот штаб на Победа, Зоран Штерјовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА