Некогаш првата светска тенисерка, Марија Шарапова во 2016 година беше суспендирана на две години поради конзумирање на недозволениот Мелдониум.
Казната и беше потоа намалена па петкратната победничка на Грандслем турнирите се враќа на теренот на ВТА турнирот во Штутгарт. А, додека паузираше од тенисот, Шарапова сега откри дека имала нова „страст“. Овој пат почнала да конзумира нешто друго…
„Минатата година почнав да пијам алкохол многу повеќе од било кога. Имав многу повеќе време за разоноди и забава, па често бев по журки и по цели ноќи. Мислам дека ќе полудев да мислев само на тенис“ – вели Шарапова во интервју за „Вог“.
„Меѓу другото за време на паузата се занимав интензивно и со јога. Сето тоа ми олеснуваше многу да не мислам на казната“ – истакнува Шарапова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА