Новак Ѓоковиќ на втор едноподруго турнир е поразен од Ник Киргиос. По Акапулко, Киргиос славеше против Србинот и во осминафиналето во Индијан Велс запирајќи го по 19 победи во низа на овој турнир, и по три едноподруго освоени титули.
„Таа победничка низа мораше да се заврши еден ден. Вакви услови за игра како на Индијан Велс повеќе им одговараат на серверите. Тешко беше да се позицинирам за неговите сервиси, топчето отскокнуваше. Не можев да го ‘прочитав’… Сервираше и 220 км. на час по Т линијата. Одличен беше и во вториот сервис, и имаше целосна контрола на мечот од самиот почеток. Не успеав да го направам тоа што беше неопходно“ – вели Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА