Диме Тасовски одигра неверојатен натпревар, стигнувајќи до 37 поени со девет погодени тројки, но и тоа беше недоволно за да се изненади тимот на Карпош соколи на стартот на сезоната во Супер-лигата. Товарот во Работнички уште еднаш го понесоа најискусните, се почувствува отсуството на Чековски под обрачите, па ефектот на Тасовски сепак беше недоволен за триумф над актуелниот освојувач на Купот на Македонија.
Слично како и на куп-полуфиналето во Кавадарци, „соколите“ и овојпат одиграа во ист ритам, не беа нервозни кога противникот погодуваше во низа од далечина, туку трпеливо ги чекаа своите пет минути и потоа влегуваа во одлична серија. Тимот на Николиќ во моментиве покажува и зрелост и квалитет, но најголемите предизвици допрва претстојат.
[new_royalslider id=”533″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА