Раководството на КК Куманово преку соопштение до јавноста реагира на одлуката на Регистрациската Комисија при МКФ за раскинот на договорот со најдобриот кошаркар на актуелниот вицешампион, Данило Мијатовиќ. Одлуката на КК Куманово ја пренесуваме во целост:
СООПШТЕНИЕ
КК Куманово е згрозен од донесената одлука на регистрациската комисија при МКФ за раскинување на договорот помеѓу КК Куманово и играчот Данило Мијатовиќ. Со оваа одлука МКФ и нејзините органи уште еднаш по кој знае кој пат покажуваат дека своите одлуки не ги носат врз основа на позитивни законски прописи и акти на МКФ(кои самите ги имаат донесено), туку врз основа на лични интереси на поединци и одредени клубови. Со оваа директно е нанесена штета на КК Куманово,по одпочнување на натпреварите од Супер лигата, како и пред одигрување на натпреварите од полуфиналето на BIBL лигата.
МКФ и нејзините органи наместо да ги бранат интересите на македонските клубови кои се нејзини членки, тие застануваат во одбрана на непринципиелни барања на странски играчи,против чие играње наводно МКФ целиот изминат период лажно се бори.
Со оваа соопштение КК Куманово сака да ја запознае целокупната македонска јавност дека оваа одлука е само почеток на безаконието кое можеме да очекуваме дека ќе продолжи, со оглед на фактот што преодниор рок за играчите е завршен на 10.03.2017г, самата одлука е донесена на 14.03.2017г.,додека играчот Данило Мијатовиќ веќе беше во составот на екипата на КК Куманово, во натпреварот од првото коло на Супер лигата против екипата на КК Кожув,кој се одигра на 11.03.2017г., што значи дека истиот повеќе ниту може да биде регистриран,ниту може да настапува за некој друг клуб во Македонија до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
КК Куманово најавува дека во законски рок од три дена од денот на приемот на одлуката, ќе поднесе жалба до арбитражата на МКФ и воедно ќе поднесе тужба против МКФ и регистрациската комисија при МКФ ДО СПОРТСКИОТ АРБИТРАЖЕН СУД при Македонскиот олимписки комитет, од причина што одлуката е целосно неправилна и незаконита и ваков случај не се памети во историјата на македонскиот спорт.
Уште еднаш апелираме до МКФ да ја преиспита оваа своја одлука и конечно да почне да ја врши својата основна задача, а тоа е заштита на интересите на клубовите кои се нејзини членки.
КК Куманово 2009
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА