Луис Енрике по вторпат на кормилото на „волчицата“?

Јасно е дека Луис Енрике од јуни ќе ја менува средината и клубот. Ниту историскиот камбек против ПСЖ не го убеди Лучо да остане на „Камп Ноу“, а шпекулациите околу неговиот потенцијален нов клуб, се интензивираат.

Имено, Енрике е пред шокантно враќање во Рома, откако Спалети и неговиот ангажман во Јувентус е сѐ поблиску до реализација, доколку Алегри ја напушти „старата дама“. Спалети не е во добри односи со раководството на римскиот клуб, сѐ уште нема одговорено на понудата околу продолжување на соработката, а и јавно беше критикуван од претседателот Палота.

Енрике немаше некој посебен успех во првиот престој во Рим во 2011 година. Загуби на отворањето на домашното првенство од Калјари, а елиминацијата од Слован Братислава во третото квалификациско коло за Лига Европа беше голем шок за сите. Иако имаше двегодишен договор, Енрике ја напушти Рома по една сезона, откако не успеа да им обезбеди европски фудбал.

Шпанскиот стратег е во добри односи со римјаните, понудата секако звучи интересна, притисокот нема да биде како во Барселона, а и ќе биде и повлијателен околу трансферите.

 

Се вчитува...