Микаел Есиен ќе игра фудбал во Индонезија

Поранешниот фудбалер на Челси, Реал Мадрид и на Милан, Микаел Есиен, реши својата кариера да ја продолжи во Индонезија. Тој потпиша договор со клубот Персиб Бандунг, а неговото пристигнување во оваа земја предизвика фудбалска еуфорија.

„Прекрасно е чувството да имате фудбалер со вакво педигре во својот тим. Мислам дека доаѓањето на Микаел Есиен во Индонезија отвора едно ново поглавје за фудбалот во нашата земја. Нашата цел е пред се да ги правиме луѓето среќни, а сега ќе можат да уживаат во игрите на поранешен играч на Челси, Реал Мадрид и на Милан“, изјави Теди Тјахјоно, генералниот менаџер на Персиб.

Интернационалецот од Гана оваа зима се споменуваше како можно засилување за хрватскиот клуб Ријека, но на крајот одлучи да замине во Индонезија.

Се вчитува...