Со вечерашниот натпревар меѓу Црвена звезда и Будуќност и официјално е завршен лигашкиот дел од АБА, со комплетирањето на 26. рунда од регионалното кошаркарско натпреварување. „Црвено-белите“ славеа на домашен терен со убедливи 82-66, на тој начин „избирајќи“ го токму Будуќност за свој ривал во четвртфиналето. Имено, во случај на пораз вечерва Црвена звезда за противник во полуфиналето ќе го имаше Партизан, но избраниците на Радоњиќ професионално си ја одработеа задачата, уште еднаш потврдувајќи дека се тим број 1 на овие простори.
Црногорскиот шампион издржа неполна четвртина на гостувањето во „Пионир“, потоа Црвена звезда заигра нешто подобро, по десет минути игра имаше водство од 27-22, што во второто полувреме уште повеќе го зголеми и на крајот заслужено се радуваше на 25. победа во 26. натпревар од АБА-лигата сезонава.
Џенкинс со 21 и Кузмиќ со 14 поени беа најдобри стрелци на „црвено-белите“, додека најефикасен кај Будуќност беа Вилијамс со 14 и Гордиќ со 10 постигнати поени.
Покрај Црвена звезда и Будуќност, во втората полуфинална пресметка за место во финалето битки ќе бијат хрватскиот првак Цедевита и тимот на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА