Јуниорките во „Кале“ бркаат пласман на ЕП 2017

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (У19) се подготвува за настап на квалификацискиот турнир за ЕП 2017, што ќе се одржи во СРЦ Кале во Скопје од 17. до 19. март. Противници на Македонија и се селекциите на Унгарија, Фарски Острови и на Молдавија, а пласман на ЕП во Словенија ќе обезбедат првите две репрезентации во групата.

Сметам дека имаме реални шанси за пласман на Европското првенство. Атмосферата во екипата е добра, имаме квалитет, играме на домашен терен и сметам дека тоа може да ни донесе успех во овие квалификации. Од противниците, Унгарија реално е прв фаворит во групата. Тоа е репрезентација која со истата оваа герација го освои третото место на ЕП во Скопје пред две години. Но,тоа не значи дека ние ќе се предадеме. Напротив, фактот што се меѓу најдобрите во Европа ќе ни биде дополнителна мотивација за што подобар настап. Секако дека ќе одиграме најдобро што знаеме и во другите два натпревари против Фарски Острови и против Молдавија со цел да ги обезбедиме посакуваните две победи кои ни носат учество на ЕП“ – вели селекторот на македонската репрезентација, Борче Марковски.

Македонија ќе игра против Унгарија во првиот меч од квалификациите, на 17 март. На 18. март е дуелот со Молдавија, а во последниот натпревар, на 19. март, ќе играме против Фарски Острови.

Распоред на натпреварите:

17.март:

(17:00) Фарски Острови – Молдавија

(19:30) Унгарија – Македонија

18.март:

(17:00) Унгарија – Фарски Острови

(19:30) Македонија – Молдавија

19.март:

(17:00) Молдавија – Унгарија

(19:30) Македонија – Фарски Острови

Се вчитува...