Скандал во Барселона: Нејмар не бил повреден, туку славел роденден на сестра му

Барселона само неколку дена по историскиот триумф во Лигата на шампионите (6-1) и елиминацијата на ПСЖ, загуби од Депортиво Ла Коруња (2-1) во Примера и му дозволи на Реал Мадрид повторно да се искачи на врвот на табелата во Примера со два бода предност, но и еден одигран меч помалку. Тоа секако предизвика огромно незадоволство на „Камп Ноу“, а дополнителен скандал со отвори и со отсуството на Бразилецот Нејмар. Тој беше херој на триумфот против ПСЖ, но потоа беше најавено дека е повреден за мечот против Ла Коруња.

Сепак, не се работи за повреда, туку за желбата на Нејмар да замине во Бразил и да присуствува на роденденот на својата сестра, што клубот му го дозволува трета година по ред. Но, откако Барселона загуби на „Риазор“ и сега се бараат виновниците, заминувањето на Нејмар се гледа со сосема поинакви очи. Како што пишуваат шпанските медиуми, Лионел Меси имал бесна реакција и барал оправдување од тренерот Луис Енрике, како тоа Нејмар имал право да си замине во Бразил среде сезона. Официјално, пријавил дека има проблеми со бутниот мускул и побарал пауза, но потоа одлетал за Бразил и славел роденден со својата сестра до доцните вечерни часови.

Се вчитува...