Баерн Минхен го враќа Џака во Бундес-лигата

Германскиот шампион Баерн Минхен летово ќе мора да купува ново засилување во средниот ред, откако Чаби Алонсо најави дека ја завршува фудбалската кариера. Замена за шпанскиот маестро е речиси невозможно да се најде, но има многу млади играчи кои допрва треба да го достигнат својот потенцијал.

Гранит Џака е еден од тие играчи кои сѐ уште го немаат достигнато својот максимум, а трансферот од Борусија Менхенгладбах во Арсенал требаше да биде токму тоа. Сепак швајцарскиот репрезентативец не се наметна во полн сјај. На некои натпревари воодушеви, но на другите беше незабележителен, а често мака мачи и со картоните.

24-годишниот играч за врска по само една година во Англија би можел да се врати во Бундес-лигата, и тоа на „Алијанц арена“.

„Џака е топ – тема во Германија и неговиот развој сѐ уште е во тек. Би бил одлично засилување за Баерн Минхен“ – изјави Отмар Хицфелд, поранешниот тренер на „баварците“.

Џака пред почетокот на сезоната 2016/17 потпиша за Арсенал за сума од 35 милиони евра, а досега има забележано 20 настапи во сите натпреварувања, со само еден постигнат гол за „топчиите“.

  

Се вчитува...