Кој со кого во осминафиналето: Германско, француско и СЕХА-дерби

Интересни битки ја очекуваат европската ракометна јавност во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако по денешните последни натпревари и дефинитивно се познати двојките за нокаут фазата од елитното европско натпреварување.

Најинтересната осминафинална пресметка се очекува да биде онаа меѓу германските гиганти Некар Левен и Кил. Во оваа фаза од ЛШ ќе може да проследиме и француско дерби, во кое ПСЖ ќе биде голем фаворит против Нант, но и пресметка меѓу стари познаници од СЕХА-лигата, Веспрем и Загреб.

Интересно е што ако нема поголеми изненадувања, веќе во четвртфиналето ќе гледаме реприза од ланското финале во Келн, односно пресметка меѓу европскиот првак Кјелце и вицешампионот Веспрем. Како што е веќе познато, македонскиот првак како првопласиран во својата група обезбеди директен пласман во четвртфиналето, каде ќе го очекува подобриот од двомечот Фленсбург – Брест Мешков.

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

ПСЖ – Монпелје

Кил – Некар Левен

Кјелце – Монпелје

Веспрем – Загреб

ПИК Сегед – Бјерингбро

Фленсбург – Брест Мешков

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Вардар – Фленсбург/Брест Мешков

Барселона – Кил/Некар Левен

Кјелце/Монпелје – Веспрем/Загреб

ПСЖ/Нант – ПИК Сегед/Бјерингбро

Се вчитува...