Тиквеш ќе се спасува, Еуромилк подобар од Хоризонт Турново

Во последните два натпревари од 16. коло од Втората македонска фудбалска лига, Тиквеш на домашен терен славеше против Велазерими со 2-0, додека Еуромилк ГЛ беше подобар од Хоризонт Турново победувајќи со 1-0.

Тиквеш дојде и до втората пролетна победа, решен да се избори за опстанок во второлигашката конкуренција и покрај очајната есенска полусезона. Тиквеш до победата дојде со головите на Мартин Никовиќ во 67. и во 79. минута.

Еуромилк ГЛ, пак, додека до победата против Хоризонт со голот на Андреј Кудијан во 66. минута од средбата.

КОМПЛЕТНИ РЕЗУЛТАТИ – 16. КОЛО

Академија Пандев – Металург 2-0

Вардар Неготино – Тетекс 0-0

Скопје – Новаци 2-1

Тиквеш – Велазерими 2-0

Еуромилк ГЛ – Хоризонт Т. 1-0

ТАБЕЛА: Академија Пандев 43 бода, Скопје 30, Еуромилк ГЛ 29, Новаци 25, Металург 23, Хоризонт Т. 19, Велазерими 15, Вардар Неготино 14, Тетекс 13, Тиквеш 13 бода.

Се вчитува...