Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ ќе потпише нов договор со Барселона, кој ќе го обврзе да остане на „Камп Ноу“ до 2021 година. Само еден ден по фантастичната елиминација на ПСЖ во Лигата на шампионите, раководството на каталонскиот гигант ги договори сите детали за продолжување на соработката со одличниот играч за врска. Официјалното потпишување на договорот, како шпто најавуваат шпанските медиуми, ќе се случи утре во 13 часот.
Според новиот договор, Ракитиќ ќе добие зголемување на годишната плата, но исто така поставена е и огромна отштета во износ од 125 милиони евра, доколку некој клуб ќе сака предвреме да го откупи Иван Ракитиќ од редовите на Барселона. Хрватот досега има одиграно 145 натпревари во дресот на Барселона и постигна 29 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА