По Кире Лазаров кој од следната сезона се сели во францускиот Нант, уште еден искусен ракометар од сегашниот состав, летово си заминува од Барселона. Пикерот Јеспер Нодезбо (36), според данските медиуми е блиску до преселба во Силкеборг. Данскиот тим во своите редови под договор и за следната сезона го има и Михаел Кнудсен и Расмус Јенсен.
Нодезбо со Барселона има договор до 2019, но според најавите, тој најверојатно уште летово ќе го напушти каталонскиот клуб и ќе се врати во Данска. За еден од најпопуларните дански ракометари покрај Силкеборг, заинтересиран бил и КИФ Колдинг Копенхаген, но поради финансиската криза клубот нема ниеден нов договор за следната сезона.
Во Барселона доаѓа младиот француски репрезентативен пикер, Лудовик Фабрегас од Монпелје, а на таа позиција каталонскиот тим ги има и Камис Сипжак и Седрик Сорендо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА