Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Србија во текот на подготовките за време на неделата на ЕХФ. Првиот натпревар ќе биде на 17 март во салата во Автокоманда, а вториот ќе се одигра наредниот ден, на 18 март, во СЦ „Јане Сандански“. Постои можност да биде договорен и трет тренинг натпревар од затворен тип.
Собирот на репрезентацијата е во понеделник (10 ч.) во салата во Автокоманда. Селекторот Симе Симовски за овој собир повика 22 ракометарки кои ќе му бидат на располагање во подготовките пред јунскиот бараж со Шведска за пласман на СП 2017.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА