Тимот на Мекларен се соочува со многу проблеми и се мачи да биде конкурентен со ривалите на тестовите пред новата сезона во Формула 1. Најголем проблем за британскиот тим се моторите на Хонда.
Од првиот ден на претсезонските тестови во Барселона, Мекларен има механички проблеми, а Хонда смени неколку мотори кои еден по друг откажуваа.
После три години соработка со јапонскиот производител на мотори, се очекуваше Мекларен конечно сеознава да биде во конкуренција за титулата. Но, според тоа како се одвиваат работите на претсезонските тестови, се чини дека Мекларен и двојниот шампион Фернандо Алонсо и во новата сезона ќе имаат само епизодна улога.
„Губиме по 30 км/ч на еден правец, кога сте толку спори, тешко е да се има било какво чувство. Се друго е во ред, но не знаете што ќе се случи кога ќе ја достигнете максималната брзина. Ни треба напредок, ситуацијата е далеку од идеална, но ние сме голем тим. Убеден сум дека годинава ќе бидеме конкурентни. Само не знам точно кога“ – вели Алонсо.
Шпанскиот возач на вчерашните тестови имаше 12 време од 14 возачи на патеката „Каталуња“ со 1:23,041 минута, речиси четири секунди зад најбрзиот Валтери Ботас од Мерцедес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА