Неволјите за фудбалерите на Пари Сен Жермен продолжија и по враќањето во Париз. Околу триесетина незадоволни фанови ги чекале фудбалерите до пет часот наутро за да добијат објаснување како можеле да бидат елиминирани, а дел од хулиганите и ги нападнале кога играчите влегле во своите автомобили.
Но, Тијаго Мота ‘прегазил’ еден навивач на ПСЖ во обидот да се заштити од нападите и да избега со автомобилот. Навивачот е пренесен во болница, па допрва се очекуваат уште поголеми немири.
ПСЖ доживеа шокантна елиминација од Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите. „Светците“ имаа предност од четири гола (0-4) од првиот меч во Париз, но синоќа загубија со 6-1 на „Камп Ноу“. Болката да биде уште поголема Серхи Роберто шестиот гол го постигна буквално во последниот напад, во петтата минута од судиското продолжение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА