Соареш и Ромеу доаѓаат на „Камп Ноу“?

Актуелниот шампион на Шпанија е во потрага по нов десен бек откако на почетокот на оваа сезона останаа „кратки“ на таа позиција по заминувањето на Дани Алвеш во Јувентус. Седрик Соареш е играчот за кој Барселона се интересира, по малку изненадувачки потег на „каталонците“, но скаутите очигледно ги забележале квалитетите на португалецот кои за нив се доволни да заигра за тимот.

Португалецот  ја игра веќе втората сезона за Саутемптон, а бројките покажуваат дека е еден од подобрите десни бекови во Англија. Стандарден првотимец беше и кај Куман, кој го доведе во 2015 година, додека истиот статус му остана и кај новиот стратег Пуел. 25-годишниот Соареш беше дел од португалската репрезентација која го подигна европскиот пехар во Франција минатата година.

Саутемптон ја одреди цената за нивниот играч, 25 милиони евра е сумата која Барселона треба да ја одвои за неговите услуги.

Второто потенцијално засилување од „Сент Мери“ е поранешниот фудбалер од академијата на „каталонците“, Ориол Ромеу.

Ромеу го напушти шпанскиот гигант во 2011 година и се пресели во редовите на Челси, но таму не ја доби вистинската шанса. Првата сезона забележа неколку настапи влегувајќи од клупа, а потоа среќата ја бараше во Валенсија и Штутгарт на позајмица, пред да потпише за Саутемптон во 2015 година за сума од 5 милиони фунти.

За неговите услуги Барселона ќе мора да одвои многу повеќе, знаејќи дека премиерлигашот ги продава своите ѕвезди за големи суми.

  

Се вчитува...