СОСТАВИ ЛШ: Барса без бекови, ПСЖ без Ди Марија

Сосема очекувано, Барселона од првата минута ќе тргне во тотална офанзива кон голот на ПСЖ на вечерашниот реванш, на кој каталонскиот гигант ќе се обиде да ја надополни негативата од четири гола од „Паркот на принцовите“. Доказ за тоа е и стартниот тим што Луис Енрике го избра, со формација 3-4-3 и без бекови во екипата. Серхио Роберто и Жорди Алба мечот го почнуваат од клупата за резерви, додека во средниот ред Бускетс, Ракитиќ, Иниеста и Рафиња ќе им помогнат на Меси, Нејмар и на Суарез во обид да го загрозат голот на гостите.

Анхел ди Марија, кој беше најдобар играч на првиот натпревар во Париз, овојпат нема да биде во стартниот тим бидејќи не е стопроцентно подготвен по повредата што го мачеше во последните петнаесетина дена. За разлика од првиот меч овојпат Тијаго Силва се враќа во одбраната на местото на Кимпембе, кој добро си ја заврши работата на „Паркот на принцовите“.

Младиот Пулишиќ ја добива шансата да го замени повредениот Марко Ројс во нападот на „милионерите“, а Тухел како адути од клупата ги остави Гереиро и Шурле.

БАРСЕЛОНА – ПСЖ

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Маскерано, Пике, Умтити, Бускетс, Ракитиќ, Рафиња, Иниеста, Нејмар, Меси, Суарез.

ПСЖ: Трап, Муние, Курзава, Маркињос, Тијаго Силва, Рабио, Верати, Матуиди, Лукаш Моура, Дракслер, Кавани.

БОРУСИЈА Д. – БЕНФИКА

БОРУСИЈА: Бурки, Пишчек, Дурм, Бартра, Папапстатопулос, Кастро, Шмелцер, Вајгл, Пулишиќ, Дембеле, Обамејанг.

БЕНФИКА: Едерсон, Нелсон, Семедо, Луизао, Линделоф, Елисеу, Алмеида, Самарис, Черви, Пици, Салвио, Митроглу.

Се вчитува...