Чапекоенсе продолжува со консолидирањето по страшната авионска несреќа во која животот го загубија речиси сите фудбалери на овој клуб. Бразилскиот прволигаш купи дваесетина нови играчи и застана на нозе, а „Чапо“ синоќа испиша и историја, стигнувајќи до првата победа во Копа Либертадорес во клупската историја.
Оваа екипа доби право да учествува во елитното јужноамериканско натпреварување како актуелен освојувач на Копа Судамерикана, a во рамките од првото коло славеше во Венецуела над тимот на Зулија со 1-2. Стрелци на головите за Чапекоенсе беа Реиналдо и Луиз Антонио.
[youtube id=”8WxXGhCNIJQ” width=”640″ height=”380″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА