Новиот Audi Q5 се закити со пет ѕвезди на Euro NCAP, што претставува највисок рејтинг на организацијата. Одличниот резултат е доказ дека бестселерот од Инголштат е меѓу најбезбедните автомобили во класата. Audi Q5 го покажа својот квалитет на сите тестови. Новата генерација на најпродаваниот премиум модел во сегментот од Audi ги освои поените за заштита на патниците, безбедност на децата и пешаците. Исто така, уште еден придонес за високото рангирање на Audi Q5 е системот за помош на возачот кој се добива како стандардна опрема – вклучувајќи го системот за итно сопирање во градски услови при мали брзини.
Q5 постигна одлични резултати кога станува збор за пасивната безбедност и покрај тоа што кај новиот модел е намалена вкупната тежина за 90 кг. Извонредните резултати на NCAP тестот ги истакнаа високите стандарди на брендот со четирите прстени во областа на активната и пасивната безбедност, и лесната конструкција.
Euro NCAP спроведува споредбени безбедносни тестирања на нови автомобили уште од 1997 година. Во организацијата Euro NCAP учество земаат голем број на европски министерствата за транспорт и автомобилски клубови, осигурителни компании и групи за заштита на потрошувачите. Широкиот спектар на барања и високите критериуми на тестирањата се значително посложени од спецификациите поставени од Европската легислатива.
Audi Q5– Комбинирана потрошувачка на гориво l/100 km: 8.2 – 4.9 – Комбинирана CO2 емисија g/km: 187 – 129
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА