Англиските медиуми веќе извесно време го најавуваат трансферот на Антоан Гризман во Манчестер јунајтед како завршена работа, но последните информации велат дека ситуацијата се променила во последните триесетина дена.
Имено, Гризман почнал да го разгледува и Реал Мадрид како опција за продолжување на кариерата, што го налутило Жозе Мурињо, па „специјалниот“ сега не сака да го доведе францускиот ас во своите редови. Како што јавува таблоидот „Сан“, Мурињо се уште се интересира за врвен француски напаѓач, но не за Гризман, туку за Килијан Мбапе. Суперталентираниот голгетер на Монако е откровение на сезоната, интерес за него искажаа и Челси и Манчестер сити, но „ѓаволите“ се оптимисти дека по ангажманот на Марсијал ќе успеат да финишираат уште еден успешен трансфер од редовите на „кнезовите“.
Мбапе, кој може да игра како централен напаѓач, но и како крилен офанзивец, е проценет на 60 милиони евра, што е значително пониско од сумата што Атлетико Мадрид ја бара за Гризман (100 милиони евра).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА