Алесандро Џентиле долго важеше за еден од најдобрите кошаркари во Европа, за италијанскиот ас во последнава сезона да стане и еден од најпроблематичните играчи во елитното европско натпреварување.
Тој најпрвин се раздели од екипата на Емпорио Армани и е пресели во Панатинаикос, но Џентиле издржа неполни три месеци во Грција откако денеска го раскина договорот и со „зелените“ од Атина. Италијанскиот плејмејкер беше огромно разочарување за грчкиот кошаркарски џин, тој настапи на девет средби во Евролигата и во просек постигнуваше по 3,2 поени по натпревар.
Останува да се види каде Џентиле ќе ја заврши оваа натпреварувачка сезона, но јасно е дека со очајните игри во последните месеци тој си ги намали шансите за остварување на сонот – преселба во НБА-лигата, каде на драфтот во 2014 година беше избран од страна на Минесота тимбервулвс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА