Фернандо Алонсо смета дека возачите стануваат се поневажни фигури во Формула 1, по воведувањето на новиот технички правилник според кој болидите се забрзани за неколку секунди по круг. На првите тестирања во Барселона, најбрзите нови болиди беа за две секунди побрзи од минатогодишната пол позиција на Луис Хамилтон. На следните тестови се очекува времињата да бидат побрзи за уште неколку секунди.
Иако најавите беа дека со новите правила ќе се истакнат најдобрите возачи поради побрзите болиди, двојниот светски шампион смета дека се случува токму спортивното и дека влијанието на возачите во 2017 година ќе биде уште помало.
„Мислам дека со технологијата што ја имаме сега, со аеродинамичниот пакет и со погонската единица, возачот е уште помалку важен. Важноста не некои технички аспекти на болидот оваа година е уште поголема, па возачот може да стори нешто, но само до одредена точка, понатаму од тоа не може да правиме чуда“- вели Фернандо Алонсо.
Како позитивна страна од промената на правилата во Формула 1, Алонсо ја истакнува можноста повеќе да се изрази сопствениот стил на возење поради поиздржливите пневматици на „Пирели“.
„Може да се создаде поголема разлика во однос на претходните болиди бидејќи на новиот болид може повеќе да притискате и така да го изразите својот возачки стил. Минатата година поспорото возење можеше да донесе подобро време по круг бидејќи се чуваа гумите за да се извозат подолги делници. Оваа година се чини дека може малку повеќе да притиснеме и веројатно, малку повеќе ќе го користиме својот возачки стил за да извлечеме подобро време по круг“ – истакнува возачот на Мекларен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА