САМОУНИШТУВАЊЕ во Кожув (ФОТО)

Кожув игра одлична кошарка во последните неколку месеци, овој тим се пласираше и во четвртфиналето од БИБЛ, а бележеше добри резултати и во домашното првенство, каде рутински обезбеди пласман во Супер-лигата. Сепак, очигледно работите се далеку од посакуваното ниво, откако тренерот Игор Михајловски денеска со статус преку својот сопствен фејсбук профил даде краток опис за ситуацијата во која се наоѓа некогаш амбициозниот клуб од Гевгелија.

Екипа… Другарство… Тимска работа… Хемија – Др. Балтазар… Без пари… Без логистика… Оставени сами на себе… Со еден збор САМОУНИШТУВАЊЕ… Штета…“ – напиша Михајловски „шерувајќи“ тимска фотографија од Кожув.

mihajlovski print screen

Очигледно е дека сиутација во клубот е далеку од посакуваната, а останува да се види дали Михајловски ќе си замине од тренерската функција или ќе продолжи да се бори со целокупната ситуација, откако на играчки и резултатски план успеа да го стабилизира тимот по турбулентниот старт на сезоната.

Се вчитува...