Работнички и Ренова денеска го отвораат 21.коло од Првата фудбалска лига. Мечот ќе се одигра на „Телеком Арена“, со почеток во 14 часот, а напаѓачот на „романтичарите“, Филип Ивановски, се надева дека неговиот тим ќе успее да ги освои трите бода.
„Имаме максимален респект за Ренова, тоа е квалитетен тим кој игра стандардно добро, а во своите редови има поединци кои можат на секој тим да му го загорчат животот на првенствените дуели. Но, подготвени сме за предизвикот, за првпат пролетва ќе играме на домашен терен и ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Потребни ни се во трката за излез на европската сцена. Верувам дека ќе одиграме на високо ниво и дека ќе успееме да ја исполниме нашата цел“, изјави Филип Ивановски за официјалниот сајт на клубот во најавата за денешниот натпревар.
Работнички по 20 одиграни кола се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 32 освоени бода, додека Ренова е петтопласирана, со 27 бода. Останатите четири натпревари од ова коло на програмата се утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА