Пелистер загуби со 28-24 од Охрид во дербито на стартот од вториот дел во шампионатот на Македонија, дозволувајќи охриѓани да се израмнат на врвот од табелата во Суперлигата.
Тренерот на Пелистер, Касим Каменица сосема очекувано беше незадоволен по средбата, потенцирајќи го лошото издание на неговите ракометари.
„За Пелистер никогаш не се игра кукавички. А ние одигравме баш така во Охрид. Одигравме слаб натпревар, и покрај желбата пред мечот за храбра игра на победа. Апсолутно не бевме на ниво на еден ваков дерби натпревар и затоа Охрид сосема заслужено дојде до победата. Не може да се има позитивен резултат кога не можете да погодите и со играч повеќе“ – истакна Каменица по поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА