Ник Киргиос на Австралија опен ги разбесна домашните навивачи со очајната и незаинтересирана игра против Андреас Сепи. Во првото коло на турнирот во Акапулко се расправаше со навивачите во текот на целиот меч обраќајќи им се постојано да „одј…а“, но ете во четвртфиналето во Акапулко покажа колку може да биде добар ако е концентриран и со „мирна глава“. Што да се признае ретко се случува…
Киргиос во четвртфиналето со фантастична игра го елиминираше Новак Ѓоковиќ, победувајќи за нешто помалку од два часа игра со 7-6(9), 7-5. Австралиецот одсервира 25 аса, додека Ѓоковиќ и по онаа рана елиминација во Мелбурн покажа дека е во голема криза.
¡Gran punto entre Djokovic y Kyrgios! #Acapulco (@TennisTV) pic.twitter.com/tcNn5H1qSw
— Tenis Zone (@TenisZoneTW) March 3, 2017
Киргиос за финале ќе игра против Сем Квери, кој го изненади Доминик Тием.
Надал го победи Јапонецот Нишиоку, и во полуфиналето ќе игра против Марин Чилиќ на кого Џонсон му предаде без борба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА