Евгениј Донској го приреди најголемото изненадување на турнирот во Дубаи, успевајќи во третата рунда да го елиминира Роџер Федерер, совладувајќи го со 2-1 во сетови.
Швајцарецот всушност самиот си е најголем виновник за елиминацијата бидејќи се наоѓаше на работ на победата, но со неколку неизнудени грешки си ја искомпликува субината и на крајот претрпе пораз. Имено, откако го доби првиот сет со 6-3, освојувачот на Австралија опен имаше три меч топки во тајбрејкот во вториот сет што не успеа да ги искористи.
Донској израмни на 1-1, а потоа во тајбрејкот од решавачкиот сет повторно Федерер одигра одлично на стартот, поведувајќи со 5-1. Сепак, кога се очекуваше Швајцарецот искусно да го добие мечот, рускиот тенисер ги освои следните шест поени во низа и стигна до сензационална победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА