Брегалница и Пелистер ремизираа (2-2) во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија што се одигра денеска во Штип, за првпат во историјата под светлината на рефлекторите. По ова, јасно е дека многу возбудливи ќе бидат и вторите 90 минути кои се закажани за 19.април во реваншот, кога Пелистер треба да биде домаќин. Дури по вториот дуел ќе биде познат патникот во големото финале.
Горан Здравков во осмата минута ја доведе Брегалница во водство, но Баже Илијоски израмни на 1-1 од пенал во 38.минута од средбата. Раденко Бојовиќ во 67.минута постигна погодок за водство на гостите, но Томи Костадинов само три минути подоцна израмни на 2-2.
Во завршницата, Баже Илијоски ја погоди гредата од голот на штипскиот тим, но, сепак, резултатот не се менуваше.
Во другиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, кој се одигра попладнево во Скопје, Шкендија на гости го совлада Вардар со 1-3. Реваншите се закажани за 19.април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА