Жељко Обрадовиќ се соочува со сериозен проблем во самата завршница од регуларниот дел од сезоната во Евролигата, откако Костас Слукас заработи повреда поради која ќе мора да отсуствува подолго време од терените. Грчкиот плејмејкер се повреди во пресрет на неделниот дуел со Пинар Каршијака, а деталните прегледи покажале дека станува збор за проблем со менискусот, поради што се препорачува пауза од најмалку еден месец.
„Костас Слукас не можеше да му помогне на тимот против Каршијака, а по лекарските прегледи и препораки тој реши да замине на операција на левото колено, за да го реши проблемот со менискусот. Очекуваме паузата да изнесува меѓу четири и шест седмици, за Слукас да се врати во екипата за клучниот дел од сезоната“ – се вели во соопштението на Фенербахче.
Грчкиот репрезентативец најверојатно ќе ги пропушти сите преостанати средби од регуларниот дел од Евролигата, кој завршува со дуелот со Барселона на 6 април, а тренерот Обрадовиќ се надева дека ќе го има Слукас во тимот за четвртфиналните пресметки што ќе следат во елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА