Гвардиола се откажува од Клаудио Браво, тој се сели во Лајпциг?

Експериментот на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, со ангажманот на голманот Клаудио Браво се покажа како неуспешен. Тој не ги исполни очекувањата и најверојатно ќе го напушти составот на „граѓаните“ по само една сезона. Чилеанскиот чувар на мрежата дојде на „Етихад“ од Барселона по барање на Гвардиола, кој реши да го испрати Џо Харт на позајмица во Торино.

Клаудио Браво тотално го разочара и самиот Гвардиола, откако на мечевите против Евертон и против Тотенхем не успеа да одбрани ниту еден удар кон неговата мрежа. Шпанскиот стратег го седна на клупата за резерви и му даде шанса на Вили Кабалјеро, но и тој не е идеално решение за голманската позиција на Манчестер сити.

Англиските медиуми најавуваат дека „граѓаните“ ова лето ќе се обидат да го ангажираат Самир Хандановиќ од Интер, а дека Клаудио Бравио би можел да се пресели во германскиот прволигаш Лајпциг.

 

Се вчитува...