МЗТ Скопје Аеродром одигра очаен натпревар против Игокеа (67-71) и повторно си го загорчи животот во пресрет на двете решавачки кола и борбата за опстанок во АБА – лигата. А, како играат „металците“ оваа сезона, добро е што и тие малку гледачи се уште доаѓаат во „Јане Сандански“ да ги гледаат нивните мизерни изданија. Тренерот Анте Назор, разочаран по поразот, вели дека неговите кошаркари играле неодговорно и не биле доволно борбени.
„Ова беше наполно заслужена победа на Игокеа. Факт е дека повеќе се бореа, а ние истовремено покажавме неодговорност. Недозволиво е вака да се игра, пиради што ја преземам одговорноста за овој пораз. Навивачите и менаџментот на клубот не заслужуваат да гледаат ваков меч, без борбеност и одговорност. Не смеевме вака да се однесуваме, разбирам и нервоза и грешки, но да нема борба, тоа не можам да го сфатам. Остануваат уште два натпревари до крај и верува дека ќе успееме да обезбедиме опстанок во АБА – лигата“, изјави по поразот, тренерот Анте Назор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА